ВМРО-ДПМНЕ: Заев нека се занимава со туѓи сценарија - ние ќе работиме за потребите на граѓаните
Зоран Заев и денес свесно продолжи да одработува за странските центри и нивните агентури во државава, на директна штета на интересите на Република Македонија и нејзините грагани. Ова денеска го изјавуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
- Зоран Заев со секој негов чекор без дилема потврдува дека креираните материјали кој ги употребува се креирани во соработка со странски центри, а тој е инструмент во спроведувањето на нивното сценарио. СДСМ и Зоран Заев не можат да бидат конкурентни со програма, проекти и идеи корисни за граѓаните, туку единствено се добри кога станува збор за исполнување на туѓи агенди кои се штетни за сопствената држава. Заев веќе подолго време е дел од ова смислено сценарио, тој беше човек кој јавно соопштуваше дека целата држава треба да ја свитка кичмата, кој по смс пораки и писма информираше дека на власт ќе го донесат пријателите од странство, со свое јавно признание пред премиерот кому му потврдил дека креираните материјали се од странски служби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Целта на нивното сценарио е провидна, и со нивното несмасно постапување со овој случај се доведуваат во ситуација да влезат во серија на противречности и од минута во минута се демантираат самите себе си.
Зоран Заев во своето обраќање на прес конференции искажа еден куп лаги, конструкции и невистинити квалификации кои се во функција на остварување на сценарио за разнебитување на државата, со цел да дојде на власт без да ја има довербата од граѓаните.
Заев нека продолжи да се занимава со одработување на туѓи сценариа, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за реалните потреби на граѓаните, да спроведува проекти и програма која ќе го подобри нивното секојдневие. Тоа е разликата и таа разлика граѓаните ја препознаваат на избори, додаваат од владејачката партија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа