ЕКСКЛУЗИВНО: Заев знаел дека ги губи изборите со голема разлика
Опозицискиот лидер Зоран Заев знаел дека ги губи изборите со огромна разлика. Анкетата кој за внатрепартиски потреби непосредно пред изборите ја изготвила агенцијата Рејтинг на Ѓорѓи Спасов, а до која ексклузивно дојде Press24 од свои извори во СДСМ кои се незадоволни од однесувањето на Заев јасно покажува дека актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов убедливо води пред Стево Пендаровски.
Според анкетата изготвена од поранешниот генерален секретар на СДСМ и министер за правда во владата на Црвенковски, Ѓорѓе Иванов ужива огромна поддршка меѓу граѓаните изразена со 61% наспротив неговиот противкандидат од СДСМ Сстево Пендаровски за кој позитивно мислење имаат двојно помалку граѓани или нешто над 33%.
Со оваа анкета која Заев ја криеше и од најгоемиот број сопартијци но и од јавноста станува јасно дека победата Претседателот Иванов е чиста како солза, особено ако се има предвид дека резултатите од испитувањето на јавното мислење комплетно се поклопуваат со оние кои ги потврди Државната изборна комисија по вториот круг од изборите на 27 април минатата година.
Оттука, паѓаат во вода сите тврдења на лидерот на СДСМ дека на Пендаровски му била украдена победата. По ова станува јасно дека Заев ги знаел резултатите од изборите уште пред тие да завршат и дека свесно ја лажел и својата партија но и целата јавност дека изборите биле фалсификувани.
Зоран Заев на 27 април во 19 часот веднаш по завршувањето на гласањето излезе на прес конференција и рече дека неговата партија не ги признава изборните резултати без разлика какви ќе бидат тие.
И Стево Пендаровски до денеска тврди дека последните претседателски избори биле нерегуларни. Тоа го изјавуваше и веднаш по изборите кои ги загуби со голема разлика иако од анкетата се гледа дека тој точно го знаел расположението на граѓаните каде што има двојно помала поддршка од актулениот претседател Ѓорѓе Иванов.
Интересно е дека Заев и Спасов се обидоа пред самото гласање да манипулираат со граѓаните кога Спасов во јавнста преку својата агенција Рејтинг пушти анкета во која стоеше дека Стево Пендаровски убедливо води пред Иванов, што е само уште еден доказ за партизираноста на неговата агенција за истражување на јавното мислење.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа