Македонија со најсиромашни фудбалски клубови
Истражувањето кое што го има направено турската новинска агенција Анадолија покажало дека во Хрватска игра најскапиот фудбалски клуб, Динамо Загреб, додека во Македонија и Босна и Херцеговина во првенството играат најсиромашните клубови. Динамо Загреб се проценува дека вреди околу 34 милиони евра, а веднаш зад него со три милиони помалку се наоѓа српскиот претставник Партизан. Врвена Ѕвезда се држи на третото место а нејзината вредност се одржува на нешто повеќе до 28 милиони евра.
Веднаш зад нив се наоѓаат Хајдук од Хрватска со 21,1 милиони евра, Војводина (Србија) 15 милиони евра; Риека (Хрватска) 14,4 милиони евра; Славен Белупо (Хрватска) 14 милиони евра; Сплит (Хрватска) 12,8 милиони евра и Марибор (Словенија) 11,8 милиони евра.
Кај нас Вардар се проценува на 6,5 милиони евра, додека во Босна и Херцеговина вреди околу 6,3 милиони евра. Овие два клуба се најскапи во земјите во кои што ги играат првенствата. Сепак истите се на дното од лигите во поранешна Југославија.
Кај играчите на балканскиот простор за најскап фудбалер засега со сума од седум милиони евра се смета играчот на Партизан Лазар Марковиќ. Кај нас пак со 600,000 евра вредност се наоѓаат играчите на Работнички Баже Илијоски, играчот на Вардар Драган Георгиев и на Турново Дејан Блажески.
Табела според вредноста на лигите:
1. Супер лига - Србија 166,5 милиони евра (16 екипи, 462 играчи)
2. НХЛ - Хрватска 150,4 милиони евра (12 екипи, 321 играч)
3. Премиер лига - БиХ 56 милиони евра (16 екипи, 407 играчи)
4. Прва лига - Словенија 53,8 (10 екипи, 257 играчи)
5. ПМФЛ - Македонија 45,3 милиони евра (12 екипи, 293 играчи).