Пандов: Македонија е нападната од домашни предавници кои имаат поддршка од страна
Битола секогаш во историјата знаела да застане прва на браникот на одбраната на својата земја.Дали било тоа во време на комитите, дали било 2001, Битола и битолчани секогаш знаеле да ја изберат вистинската страна и да си ја бранат својата земја.
Ова на синоќа во Битола го истакна политичкиот аналитичар Александар Пандов во своето говорење на трибината организарана од Граѓанското здружение за одбрана на Македонија.
-За жал сега повторно Македонија е нападната од домашни шпиони, предавници со сериозна поддршка од страна. Ние сите имаме паметење, кој има најголем интерес од тоа да Македонија и Македонецот живее во страв во грч, во една хистерија за својата безбедност, дали ќе има војна? Кој во минатото бил најголем непријател на Македонија со блокадите за НАТО, за прием во Европската Унија, за било каков прогрес на Македонија, кој правеше блокади на границите? Ако се погледне неколку месеци назад, господинот Заев беше регистриран пешки 15-20 пати како ја поминува македонско-грчката граница. Тој не поминувал како Зоран Заев, туку како лидер на СДСМ и таму правел некои средби, вели Пандов на синоќешната трибина на ГДОМ.
Пандов го спомена и писмото кое Заев му го напиша на разузнавачот Верушевски, за кое и самиот партиски лидер потврди дека лично го пишувал во интервју на една од телевизиите.
-Со писмото се потврдува дека работа со странска служба која ја имал ја завршил потпомогнат од амбасадор на таа земја. Дополнително во цела таа работа се вмешал премиер и луѓето кои се задолжени за безбедносни прашања во таа земја. Во сите овие изминати години безмалку како идентично да ги слушаш министерството за надворешни работи на Грција што зборува и истите тие тези ги потврдува партијата СДСМ. Заев беше тој што нè уверуваше дека ние како Македончиња треба да ја свиткаме кичмата и да ги прифатиме барањата од таа Грција, додава Пандов.
Тој истакна дека на Македонецот му е премногу јасно дека се работи за заговор помеѓу Зоран Заев потпомогнат од странска служба и дека треба, како што рече, секој што погласно да говори околу ова.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа