Успешна македонска приказна за самовработување

Ана Спасовска е една од успешните приказни на владиниот проект за самовработување, пишува Сител. Откако минала цела година безуспешно да најде работа, таа на крајот се решила да отвори фирма за декорации на прослави и анимации за родендени за деца. 

Ова немала да и успее без помош од државата, односно грантот кој и бил овозможен.  34 годишната скопјанка во 2013 понесена од љубовта кон децата и која била пресудна за отворање на бизинс од ваков тип, го направила првиот исчекор, аплицирајќи во Заводот за вработување.

По две години нејзината фирма претставува успешна приказна. Таа планира да ги шири својот бизнис, и апелира сите да го следат нејзиниот пример, и да не стравуваат дека нема да успеат. 

Огласот  за аплицирање за грант за самовработување веќе е  отворен и сите млади невработени кои имаат идеја и потешкотии да се вработата да се пријават. Согласно новиот оперативен план за годинава, за оваа намена ќе бидат обезбедени средства за над 960 активни баратели на работа кои сакаат да отворат свој бизнис.

Вкупниот гранд изнесува до 3000 евра. Според анализите, над 70 отсто од фирмите  кои се отворен со пари од државата фунцкионираат и до ден денес. Успеале да вработат и  над 5800 лица. За новиот оглас лицата може да аплицираат во 30 центри за вработување во земјава.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега