Американскиот амбасадор Бејли се сретна со лидерот на СДСМ

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска имаше средба со новоименуваниот американски амбасадор Џес Л.Бејли.

Заев, како што информира партијата, му се заблагодарил на амбасадорот Бејли за поддршката што ја даваат САД во сите процеси на демократизација на Република Македонија.

На средбата е разговарано и за случувањата во државата при што лидерот на СДСМ информирал дека објавените материјали се мал дел од доказите дека во земјата се крши уставниот поредок. Заев оценил дека се работи за сериозни докази што партијата има морална и законска обврска да ги сподели со јавноста.

Инаку, СДСМ денеска ја прошири поднесената кривична пријава за неовластено прислушување.

- Очекуваме Јавното обвинителство предвид да го земе и овој доказен материјал и да постапи по Законот, изјави Филип Медарски од адвокатскиот тим на партијата.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега