ОТКРИВАМЕ: Кој стои зад Македонските Анонимуси

 

Нервоза, паника и вознемиреност на Бихаќка по информацијата дека хакерската група Македонски Анонимуси располага со сите материјали од бомбата на Заев. Додека СДСМ врши проверка во своите редови, во јавноста кружат три сценарија. Луѓе блиски до Заев и самиот лидер на СДСМ, луѓето кои се против Заев или пак странски служби стојат зад македонските анонимуси. 

Според првото сценарио кое се коментира во јавноста зад македонските анонимуси стои самиот Заев, односно луѓе од актуелното раководство на СДСМ. Се шпекулира дека нивната цел е на овој начин да им се заканат и да ги уценат сите оние кои се дел од опозицијата а не сакаат безусловно да соработуваат со Заев. Каналот на YouTube според овие информации треба да се користи за на него да се објавуваат компромитирачки телефонски разговори од луѓе кои се дел од опозицијата но Заев не може директно да ги контролира. Во јавноста кружат имињата на Зоран Јовановски, Андреј Жерновски, Наташа Савова и Стево Пендаровски

Второто сценарио за кое се погласно се зборува е дека зад македонските анонимуси стојат луѓе од опозицијата кои не се согласуваат со лидерот. Тие, според овие информации при процесот на обработка на материјалите добиени од странските служби успеале дел од нив да зачуваат и сега постои можност да ги објават во јавноста. Според ова сценарио станува збор за луѓе од опозицискиот блок кои се свесни каква штета и прави Заев на Македонија и водени од патриотизам се подготвени со јавноста да го споделат се она што Заев ќе сака да го прикрие вклучувајќи ги и своите разговори.
Ова сценарио е многу веројатно особено ако се има предвид дека Заев во својата пријава која ја поднесе до обвинителството, достави докази за само 311 разговори, што е премалку, ако се има предвид дека самиот тврдеше дека бил прислушуван повеќе од 4 години. Тоа значи дека Заев на обвинителите им дал толку материјал колку на телефон да зборувал само еднаш на секои 5 дена.
Последното сценарио кое кружи меѓу познавачите на состојбите е дека зад македонските анонимуси стојат странските служби чија цел е на овој начин дополнително да ја вжешти атмосферата во Македонија и да даде придонес плус кон намерата за дестабилизација на земјата.
Дека ситуацијата во опозицискиот блок е комплицирана говори и конфузноста и несигурноста на медиумите на СОРОС. Вчера, тие првично напишаа дека социјалдемократите во полиција пријавиле дека некој им ја украл бомбата за подоцна да се демантираат, пишувајќи дека бомбата е на сигурно. Став и паника можеше да се забележи и кај лидерот на СДСМ кој вчера, преку Facebook побара од граѓаните да навиваат за него, за да не се случи тој да се налути и на сите да им покаже што се анонимуси.  

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега