Најлогично е рускиот гас да стигне до Европа преку Македонија

Најдобро решение за рускиот гас од турско-грчката граница да стигне до Европа е преку територијата на Македонија. По објавувањето на трасата по која ќе се гради „Турски тек“, гасовод со кој од Русија преку Црно Море ќе се дистрибуира гас до Турција, домашни експерти сметаат дека економски најоправдано би било гасот до Европа да оди преку нашата земја. Според нив, доколку како опции се елиминираат Бугарија, која под притисок на ЕУ веќе го минира проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“, и планираниот гасовод од Италија до Австрија, останува гасот до Европа да оди преку Македонија и Србија. Тоа би било и поедноставно решение, со оглед на тоа што Србија и Унгарија веќе имаат потпишано соодветни договори за соработка со „Газпром“, а во Унгарија беа почнати сериозни подготовки „Јужен тек“ да стигне во Австрија.

Во декември минатата година и рускиот претседател Владимир Путин ги посочи Македонија и Грција како можни алтернативи на Бугарија за проектот за транспорт на гас до Европа. Русија, по конфликтите во Украина и санкциите од ЕУ, се откажа од проектот за изградба на „Јужен тек“, гасоводот што требаше да спроведе руски гас преку Црно Море, Бугарија, Србија и Унгарија до Австрија, заобиколувајќи ја Украина. 
- Одлуката главно ќе зависи од нашите европски партнери, дали сакаат стабилно, загарантирано и апсолутно транспарентно снабдување со енергенти од Русија, кои им се апсолутно неопходни, и тоа без ризици при транспортот. Можеме да почнеме да работиме на гасовод до Македонија, преку Грција, кој ќе продолжува кон Србија и ќе оди до Баумгартен во Австрија. Ако не го сакаат, нема да го градиме. Но факт е дека нема поевтин и посигурен снабдувач од Русија и нема ни да има во блиска иднина - изјави Путин.

 

 

Оцени ја веста

14.02.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега