Иванов го стави својот потпис на Законот за абортус

 

Прет­се­да­те­лот на Република Македонија, Ѓорге Иванов го потпишал указот за Законот за прекин на бре­ме­ност.

-По извршените консултации на Кабинетот и на Претседателот, тој го потпиша ука­зот за Законот за прекин на бременост. До Службен весник на РМ ги пуш­тив­ме и Законот за абортус и Законот за продажба на државно земјоделско зем­јиш­те, кои беа донесени во ист ден, објасниле за весникот „Вест“ од Кабинетот на Иванов. 

На 10. јуни годинава македонското Собрание го донесе по скратена постапка Законот за прекинување бременост. Опозицијата не учествуваше во расправата и на гласањето и законот помина со еден глас против од пратеникот на Либералната партија Ивон Величковски.

најчитано сега