Вработен во Општина Штип плукал каде што јаде - по СМС пораки му се заканувал на Илчо Захариев
Кривична пријава си заработи 42-годишниот Ј.М., откако во два наврати преку СМС-пораки му се заканувал по животот на градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев.
Ј.М. е осомничен за за „Загрозување на сигурност на службено лице“. Според истрагата на полицијата Ј.М. испратил две СМС-пораки од мобилниот телефон до градоначалникот Захариев со заканувачка содржина, додека при проверката на неговиот службен компјутер е утврдено дека е-маил пораки со заканувачка содржина не се испраќани од него.
Ј.М., кој е вработен во Општина Штип, пред четири дена беше приведен на информативен разговор во Полициската станица –Штип.