ФОТО: Градски автобус пламна и изгоре - еве што остана од него

Градски автобус со број 94 се запали и изгоре денес во српската престолнина. Иако возачот на автобусот се обидел да го изгасне пожарот со два противпожарни апарати, тој за само десетина минути се проширил низ целиот автобус.

Се се случило кога автобусот застанал на станица и одеднаш почнал да се топи делот околу моторот по што избил густ црн чад. Патниците започнале да паничат и побарале од возачот да ја отвори вратата за да излезат.

Pozar-autobus-4-500

Пожарникарите пристигнале на лице место за десетина минути и започнале да го гасат пожарот.

За среќа нема повредени патници, бидејќи сите навреме го напуштила автобусот.

ФОТО. Телеграф.рс

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега