Масовна тепачка помеѓу навивачите на Хајдук и Динамо

Како што објавија хрватските медиуми, повикувајќи се на полициски извори околу 13:00 часот се случила масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук.

Првичните информации за тепачката која се случила на автопатот Загреб-Ријека  велат дека има многу повредени.

Динамо денеска од 17:00 часот гостува во Пула во рамките од Купот, додека Хајдук игра против Виноград во местото Младина. Навивачите ги искористиле гостувањата на своите тимови, се сретнале на половина пат и започнале масовна тепачка.

Според информациите на хрватските медиуми во тепачката учествувале 100-тина навивачи на Хајдук речиси двојно помалку навивачи на Динамо Загреб.

Речиси идентична масовна тепачка помеѓу навивачите на овие два тима се случи и минатата година

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа