ФОТО: Најголемиот балкански нарко бос пуштен на слобода

Драгослав Космајац кој е обвинет за затајување данок, фалсификување и измама и кого српскиот премиер го означи како најголемиот нарко бос си платил кауција од 200.000 евра и денес е пуштен на слобода од Централниот затвор.

Како што пишуваат српските медиуми, тој од затворот излегол со капа на главата и запуштена брада, а во раката носел црна ќеса. Влегол во Голф со затемнети стакла и заминал во непознат правец.

При неговото апсење на 9-ти ноември минатата година од него беа запленети неколку згради и куќи, спортска сала и хотел во вредност од 1,7 милијарди динари.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега