Грчкиот Парламент и изгласа доверба на Владата на Ципрас

Грчкиот Парламент минатата ноќ и изгласа доверба на новата Влада на премиерот Алексис Ципрас, на само неколку часа пред почетокот на преговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори. 

„За“ владиниот Кабинет, кој стапи на должност на 25 јануари со ветување дека ќе ги укине строгите мерки на штедење и ќе ја запре приватизацијата на некои од државните претпријатија, гласаа 162 пратеници, додека 137 се изјаснија „против“.

За изгласување доверба, на Владата и беа потребни најмалку 151 глас „за“.

Во обраќањето до пратениците пред нивното изјаснување, Ципрас нагласи дека Владата нема да отстапи од одлуката за утврдување нови услови за земање меѓунаридни кредити.

Грција и плановите на новата Влада за промена на условите утврдени со пакетот помош, ќе бидат глава тема на денешната средба на претставници на земјите-членки на еврозоната. 

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа