Најмалку 150.000 луѓе заминале од Косовo

Од август, кога почна егзодусот од Косово, па до декември минатата година, се проценува дека од земјата заминале 100.000 луѓе, а од почетокот на годината уште околу 50.000, иако тоа никој официјално не го кажува, објави денеска приштинскиот дневен весник „Бота Сот“, пренесува МИА.

Весникот истакнува дека ако се претпостави дека лани најмалку 100.000 луѓе заминале од Косово тоа значи дека шест проценти од населението ја напуштило земјата за неколку месеци. Според податоци на косовскиот Институт за статистика, во Косово живеат 1,8 милони луѓе.

Косовскиот експерт за демографија проф. Рифат Блаку наведува дека егзодусот на населението може да биде „фатална експлозија“ за Косово и оти иселувањето создава демографски трауми.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега