Косовската Влада почна со примена на мерки за запирање на иселувањето

Официјални претставници на косовската Влада тврдат дека веќе почнале да ги применуваат првите мерки за запирање на масовното иселување на Албанците од Косово преку Унгарија кон земјите на ЕУ, и тоа првично со простување на долговите на граѓаните и помагање на најзагрозените категории.

Министерот за труд и социјални прашања и портпарол на косовската Влада, Арбан Абраши, во  ијзва за весникот „Блиц“ на албански јазик рече дека владата подготвува конкретни мерки за запирање и борба против илегалната емиграција.

- Почнавме со простување на долговите, а ќе продолжиме и со останатите мерки онолку колку што буџетот тоа ќе ни го дозволи, рече Абраши.

Договорено е, наведува тој, при ребалансот на буџетот приоритет да бидат  мерките повразни со различните материјални трошоци. Додаде дека е договорено формирање посебен фонд за поддршка на најзагрозените групи, подобрување на нивниот социјален статус и создавање нови работни места.

Исто така, тој најави и подобрување на деловниот амбиент, како и утврдување на бариерите кои, како што кажа, ги попречуваат претпријатијата во нивниот раст и развој.

Абраши ја повика опозицијата да се вклучи во оваа акција со конкретни идеи, а не само со „ад хок“ предлози. 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа