Две силни експлозии ја потресоа Тирана

Во две силни експлозии што денеска се случија во центарот на Тирана урната е аптека, еден стан е демолиран и искршени се прозорците на објектите во близина, но никој не е повреден, соопштија албанските власти.

Во првата од двете детонации, што се случиле во рок од 25 минути, уништен е деловен објект во сопственост на семејството на министерот за внатрешни работи Саимир Тахири и уништен е станот на висок претставник на албанската полиција.

Албанскиот премиер Еди Рама денешниот инцидент го опиша како „координиран акт на тероризам“.

Се уште никој не презел одговорност за експлозиите.

Полицијата во Тирана деактивирала третата експлозивна направа, за која претходно била телефонски известена. 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега