Берлин: Грција ќе добие нула!

Германскиот министер за економија и вицеканцелар Зигмар Габриел денеска изјави дека Берлин ќе го отфрли евентуалното официјално барање на грчката Влада за исплата на воена отштета од Втората светска војна, истакнувајќи оти тоа прашање е заклучено пред 25 години.

- Веројатноста е нула (да платиме воена отштета), изјави Габриел на собирот на социјалдемократите во околината на Берлин, одговарајќи на вчерашната изјава на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека Атина има морална обврска да побара од Германија надомест за принуден воен кредит и други репарации, пренесе МИА.

Берлин веќе 70 години ги отфрла таквите барања, а Грција наводно би можела да бара околу 162 милијарди евра, што е повеќе од половина од сегашниот долг на Грција.

- Нема смисла да се продолжи по тој пат. Во 1990 година со потпис на двајца германски канцелари со сојузниците формално е ставена точка на Втората светска војна, наведе Габриел.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега