Владата распиша конкурс за волонтери во државните институции - студенти навалете!
Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија објавија јавен повик за вклучување на волонтери во државните институции, информираше на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Право на пријавување имаат сите млади лица, кои се во терцијарен степен на образование, информираше Ѓорѓиев. На огласот кој ќе биде објавен до 21. јуни годинава, ќе имаат право да аплицираат сите студенти од Република Македонија, без разлика во која година од студиите се.
Заинтересираните студенти треба да приложат мотивациско писмо во апликацијата, кратка биографија и фотокопија од индекс. По крајниот рок од 21. јуни, апликациите ќе се разгледуваат а потоа ќе следи и интервјуирање со студентите.
СПоред предвиденото, волонтерите кои ќе бидат избрани, ќе почнат со работа на 1. јули оваа година.
Ѓорѓиев истакна дека студентите кои ќе волонтираат ќе добиваат надомест за трошоци за превоз, хранарина, како и за основни трошоци. Ова ќе биде седма година по ред како се спроведува оваа практика навклучување на волонтери во државните институции.