Ладнокравно убиство во Софија: Жена до смрт го избодела сопругот

Четириесет и едно годишна жена се сомничи за убиство на нејзиниот 43-годишниот сопруг. Инцидентот се случил синоќа околу 2 часот по полноќ во населбата Овча Купел во главниот град на Бугарија.

 

Според неофицијални информации бугарските медиуми пренесуваат дека жената му нанела повеќе убоди со нож на сопругот, по кратка расправија.

 

На местото на инцидентот веднаш пристигнала брзата помош и полициска екипа, но за жал лекарите само ја констатирале смртта на несреќниот маж.

Причината за убиството не е позната, а осомничената доби 24 часовен притвор.

 

Истрагата е во тек.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега