Не стивнува заминувањето од Косово на албански жители

Заминувањето од Косово на албански жители не стивнува иако на адмнистративниот премин Мердаре сега е оневозможен премин на автобуси со имигранти, кои преку Србија заминуваат за Унгарија.

 

Вчера вечерта, голем број луѓе воглавно со приватни автомобили заминале кон преминот Врмици со Албанија и потоа се упатиле кон Црна Гора, од каде ќе се обидат да заминат во некоја држава од Европската унија, соопштија приштинските медиуми.

 

Лицата кои синоќа го напуштиле Косово воглавно користеле приватни автомобили со цел да ја избегнат ситуацијата да бидат спречени да го напуштат Косово доколку заминеле до автобус, наведуваат медиумите.

- На кој било начин ќе се обидам да не останам на Косово. Не може да се живее без работа. Тука нема надеж за живот, вели еден од имигрантите, кои синоќа со семејството од Косово се упатил кон Албанија.

 

Весникот на албански јазик „Блиц“, наведува дека бројот на заминати од подрачјето на Призрен и натаму не се знае, но во училиштата во тој регион голем број ученици веќе не одат на настава.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега