Косово: Мора да се спречат граѓаните да заминат во странство

Опозициските партии во Косово побараа Владата да формира Фонд за спречување граѓаните да заминуваат во странство и за таа цел да обезбеди 40 милиони евра.

Тоа беше речено на синоќешната заедничка прес-конференција на Алијансата за иднина на Косово, Движењето Самоопределување и Иницијативата за Косово.

- Со тие средства би се создале услови за отворање нови работни места и би се вратила надежта, беше речено на прес-конференцијата.

Тие побараа веќе од утре да почне примена на Резолуцијата за миграции донесена во Собранието на Косово, додавајќи дека Владата треба итно да го формира фондот, бидејќи иселувањето не може да се спречи со полициски мерки

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега