Ачковска: Странските служби и пропаганди биле присутни и во историјата и денес
Историчарката проф. д-р Виолета Ачковска, која се приклучи во Граѓанското движење за одбрана на Македонија, истакна дека странските служби и пропаганди биле присутни и во историјата и денес.
На прес-конференцијата, на која присуствуваа интелектуалци кои се вклучија во движењето, Ачковска потенцираше и дека интересите на државата треба секогаш да бидат во прв план, а не борбата за политичка власт.
- Навистина бевме загрижени од сето ова кое се случува со Македонија, бидејќи историјата е учителка на животот, а ние историчарите знаеме зошто македонскиот народ до денешен ден најдоцна од опкружувањето и во Европа создаде своја држава, бидејќи секогаш интересите на туѓите пропаганди, на туѓите сили, на туѓите разузнавачи биле присутни и во историјајта, а и до ден денешен ден исклучително работат на тоа македонското прашање дефинитивно историски да се затвори бидејќи тоа е се уште отворено. Ние водиме борба за името, водиме борба за идентитетот, водиме борба за признавање на МПЦ - значи македонското прашање иако делумно се затвори со Втората светска војна после 1944 година, 1991 година за непријатно изненадување на сите соседи и на сите странски сили кои имаа стратегиски интерес на Балканот и на Македонија тоа прашање повторно се отвори, истакна Ачовска.
Таа подвлече дека станала дел од Граѓанското движење, исклучиво во својство на историчар и македонски патриот кој повеќе од 20 години води битка да се сочува македонското име и внатре и надвор од Македонија.
- Зборувам не од никакви политички побуди, од никакви политички некакви предрасуди или аспекти, исклучиво како историчар, како човек кој ги согледува историските процеси кои водат кон дестабилизација на Македонија. Доколку ние веруваме на странски сили, доколку наместо единство по клучните национални прашања на Македонија кое требаше да го покажат сите граѓани на државата без оглед на нивната партиска провиниенција, ние имаме многу тешки болни прашања за опстојување на нашиот народ, на нашата држава, на нашата нација и тие прашања секогаш треба да бидат во прв план, а не борбата за политичка власт и во името на таа борба да жртвуваме многу национални идеали, додаде проф. д-р Ачовска.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа