Српски експерти: Странските служби одбираат суетни личности кои сакаат власт по било која цена
Српските аналитичари Мирослав Лазански и Миша Ѓурковиќ во вестите на Канал 5 анализираа какви личности би можеле да бидат лесен плен на тајните служби.
Лазански истакна дека странските тајни служби се присутни на поранешните ју простори уште од времето на распадот на Југославија.
- Странските разузнавачки служби за соработници избираат домашни политичари кои се разнливи поради нешто и суетни. Тоа обично се многу малди луѓе и кои се многу суетни и сакаат власт по било која цена. Тајните служби долго време ги набљудуваат таквите луѓе и ги истражуваат сите негови особини, па дури и нивната здравствена состојба, како и нивните мани и пороци. Тие бираат луѓе со слаб интегритет на личноста и понатаму го водат низ неговата кариера, посочи Лазански.
Тој додаде дека тоа може да предизвика голема штета бидејќи обично таквите луѓе поради своите амбициозни планови ги ставаат своите лични интереси пред националните интереси и државата.
- Кога се бараат соработници од страна на тајните служби, се бараат незадоволни луѓе, кои на пример се во опозиција, истакна Ѓурковиќ.
Целото гостување на политичките аналитичари Мирослав Лазански и Миша Ѓурковиќ во вестите на Канал 5 во видеото што следува.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа