Велко Маркоски, Ацо Јоновски и уште 11 ракометари избркани од Металург?
Според информациите кои денеска се појавија во јавноста, столбовите во одбраната на Македонската ракометна репрезентација и Металург, Ацо Јоновски и Велко Маркоски, непосредно пред натпреварот Македонија-Португалија добиле откази од клубот Металург, пренесува Суперспорт.
Останува отворено прашањето зошто Металург се одлучил да ги отпушти двајцата стандардни ракометари од одбраната и тоа непосредно пред дуелот на Македонија со Португалија кој одлучуваше за пласман на Европското првенство во Данска.
Според Суперспорт, освен Јоновски и Маркоски, од Металург добиле откази уште 11 ракометари.
ФОТО: rkmetalurg.mk