Кристер Ал: Мундијалот во Катар е изрежиран
Мундијалот во Катар заврши, Франција го слави златото, домаќинот одличната организација и освоеното сребро, а другите критикуваат и обвинуваат.
Се уште се сеќаваме на изјавите на полските ракометари по мечот со Катар и поразот во полуфиналето. Тие тогаш обвинија дека се е однапред наместено и дека селекцијата на домаќинот на овој натпревар морала да победи.
Ракометарите на Полска по мечот дури се дрзнаа иронично да им аплаудираат на судиите, кои на тој натпревар направија неколку грешки на нивна штета.
Неколку дена по завршувањето на Светското првенство се јави и поранешниот челник на ИХФ Кристер Ал, кој обвини дека се било изрежирано.
-Ова требаше да биде возбудливо јубилејно натпреварување, на кое во фокусот би биле најдобрите играчи и возбудувањата кои ги носат ракометните натпревари. Се очекуваше судењето да биде во духот „подобриот нека победи“, но овој пат ИХФ и катарските домаќини се здружија на разни начини и фокусот го фрлија на катарските платеници во репрезентацијата и предностите во кои уживаа, како и на променлините критериуми на судиите кои го одлучуваа исходот на мечевите, напиша во својот коментар за Светското првенство поранешниот член на комисијата за правила на играта и судиите при ИХФ Кристер Ал.
Во својот текст Ал потсетува дека катарската ракометна приказна започнала во 2011-та година кога на изненадување на целиот свет ИХФ и го додели Мундјалот на таа мала и пребогата земја.
Откако во ФИФА изби афера и истрага поради доделувањето на фудбалското СП на Катар, се појавија сомнежи дека и ракометниот Мундијал е „купен“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа