ВМРО ДПМНЕ: СДСМ е во паника затоа што се фатени дека соработуваат со странски служби
ВМРО-ДПМНЕ вчера преку соопштение ги повика надлежните институции да откријат од каде се актуелните снимки, дали смее да се објавуваат, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор, реагира партијата на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
- ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните институции да го истражат темелно и случајот Пуч, да видат кој снима и кој се користи со такви материјали за закана кон носители на државна функција, во соработка со странски служби. Има судска постапка и ние како партија остануваме со став дека и партиите и медиумите во врска со овој случај треба да се однесуваат одговорно и професионално и во рамки на Уставот, законите и демократските стандарди, за да не се дозволи намерата на тие што се инспиратори и креатори на овој случај да се реализира, се вели во реакцијата.
ВМРО - ДПМНЕ наведува дека СДСМ е во паника, бидејќи, како што е наведено, се фатени дека соработувале со странски служби и во нивното сценарио кое е на штета на државата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа