МВР разби банда која носела мигранти во Македонија и Србија - еве кој беше уапсен во акцијата „Коридор“

 

Единица за трговија со луѓе и криумчарење на мигранти при ЦСОСК по повеќемесечна спроведена истрага во рамки на оперативната акција Коридор“, вчера (15.06.) презеде координирани мерки и активности за релизирање на случај на криумчарење мигранти, при што откриена е организирана криминална група која во подолг временски период вршела криумчарење на мигранти од Р. Грција, преку Р. Македонија во Р. Србија од каде истите понатаму илегално се пренесувани до заподноевропските земји.    

Како организатори на криминалната група се идентификувани лицата С.Б. (52), А.И. (36)А.И. (30) сите од с. Лојане - кумановско, В.Д. (32) од Богданци и О.А.(30) од Судан. Тие организирале канал за криумчарење на мигранти преку територијата на Р. Македонија како дел од меѓународна криминална  мрежа за криумчарење на мигранти.Во договор со НН лице - арапски државјанин кој престојува на територијата на Р.Грција, од средината на декември минатата година, преку територијата на Р.Македонија успеале да прокриумчарат повеќе од 250 мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Судан, Сирија и други арапски и африкански земји. Притоа, криминалната групанаплаќала од 120 до 200 евра по мигрант за транспорт од границата со Р. Грција до Кумановскиот регион, каде мигрантите биле привремено сместувани, и потоа за сума од околу 300 евра по мигрант се вршело нивно илегално префрлање на територијата на Р. Србија. Дел од паричните средства биле наплаќани во готово од мигрантите, а дел од парите преку користење на брз трансвер на пари се префрлани на име на организаторите на криминалната група од с.Лојане, при што истите имаат остварено значителна имотна корист.

Криумчарењето на мигрантите, членовите на криминалната група го вршеле на тој начин што НН лицето кое престојува во Грција, заедно со суданскиот државјанин О.А. кој илегално престојува на територијата на Р. Македонија, го договарале датумот, терминот и бројот на мигрантите кои илегално требало да бидат пренесени преку територијата на Р.Македонија, по што во соработка со лицата од Лојане како и лицето од Богданци,го договарале, планирале и реализирале прифаќањето, транспортот и временото засолнување.

Така, дел од групата предводена од В.Д. имала задача за организирање на прифаќањето на мигрантите во реонот на Богданци и Гевгелија, како и нивниот транспорт кон Куманово(најчесто по магистралниот пат Свети Николе - Куманово. т.н Нато Петља и погодно место на автопатот Скопје - Куманово, во близина на рафинеријата “ОКТА“), од каде што С.Б. А.И. и А.И. вршеле прифаќање на мигрантите и истите ги транспортирале, најчесто кон с.Лојане и с.Ваксинце, и таму времено ги засолнувале. Во наредните денови во договор со членови на криминални групи од Р.Србија, тројцата го организирале илегалното пренесување на мигрантите преку македонско-српската државна граница во близина на с.Лојане во правец на Миратовац, на територијата на Р.Србија, кадешто мигрантите биле прифаќани од страна на НН лица и транспортирани во правец на Белград, од каде им се организирало натамошното криумчарење кон земјите на ЕУ.

За реализација на прифаќањето, превозот и временото засолнување, организаторите на групата С.Б., В.Д., А.И. и А.И. ги ангажирале членовите на криминалната група К.Д. (31), Р.М. (25), И.А. (33) од Богданци; Т.К. (23), Б.П. (21) од  Гевгелија; како и Р.И.(48),  И.И.(19), А.Х. (19) и Ф.А. (22) сите од Куманово, иако во повеќе случаи организаторите и самите непосредно учествувале во нивните “операци“. За транспорт на мигрантите од Гевгелија кон Куманово, најчесто користела ПМВ со такси ознаки на такси компанијата од Гевгелија во сопственостна В.Д. За транспорт, пак, на мигрантите од Куманово кон с.Лојане, криминалната група од липковскиот регион, предводена од С.Б., А.И. и А.И. ги користела своите приватни ПМВ и комби возила.

Во извршувањето на криминалните активности на криминалната група било инволвирано и лицето Л.К. (37) од Скопје, вработен во Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија, кој активно ја помагал криминалната група со оддавање на информации за поставеноста на полициските патроли, времето на патролирање, како и со обезбедување на “чист пат“ при транспортот на мигрантите, за што добивал парични средства од страна на организаторот на  група В.Д.

Инаку, за време на спроведувањето на истрагата во два наврата е пресечен транспорт на мигранти во кои биле инволвирани членови од криминалната група. И тоа на крајот од март годинава, поточно на 28.03. на подрачјето на Гевгелија пресечен е транспорт на 5 мигранти за што е поднесена кривична пријава и посебен извештај против четири лица В.С. (48) и С.Р. (42) двајцата од Гевгелија, Т.П. (43) од Валандово и Ј.К. (25) од Нов Дојран. А на 11-ти минатиот месец на патниот правец Штип-Велес пресечен беше транспорт на 30 мигранти од страна на РЦ за ГР Исток Делчево, ПС за ОН Свети Николе (во содејство со ЦСОСК –ЕТКЛМ) и беше поднесена кривична пријава против М.К. (23) М.К. (21) и Ѓ.К. (37) сите од Струмица. Сите горенаведени лица се лишени од слобода и од страна на надлежниот истражен суд им е одредена мерка притвор за сторени кривични дела - организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење на мигранти“од член 418-в став 2 од КЗ на РМ и кривични дела - “криумчарење на мигранти“ по член 418-б  став 2 од КЗ на РМ.

Во рамки на реализацијата на случајот вчера,врз основа на добиена Судска наредба, беа извршени пет претреси во домови во Лојане како и пет претреси на подрачјето на Гевгелија и Богданци. Од извршените претреси пронајдени и одземени се 7 патнички моторни возила со кои бил вршен транспортот на мигрантите од Гевгелија до Куманово. Исто така заедно со лицето О.А. од Судан пронајдени се и двајца илегални мигранти по потекло од Судан. Исто така, одземени се и 3380 евра, 30 швајцарски франци, 1720 српски динари и 10 потврди за трансакции на парични средства преку фирми за брз трансвер на  пари.

Сите лица, членови на криминалната група инволвирани во криминалните активности на криумчарењето на мигрантите во текот на вчерашниот ден беа предадени пред надлежен истражен судија при основен суд Скопје I Скопје, и од страна на ООК-ЕБПТЛКМ до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, е поднесена кривична пријава против организаторите на групата: С.Б., О.А., В.Д., А.И. (36) и А.И. (30), за сторено кривично дело - организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење на мигранти“  од член 418-в став 1 од КЗ на РМ и кривични дела - “криумчарење на мигранти“ по член 418-б  став 2 вв став 1 од КЗ на РМ. Исто така кривично пријавени се членовите на групата К.Д., Р.М., И.А. (33) од Богданци; Т.К. иБ.П. од  Гевгелија; Р.И., И.И., А.Х. и Ф.А. ситеод с.Лојане., како и полицискиот службеник Л.К. од Скопје. Истражен судија на пријавените веќе им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. Од страна на ЕТЛКМ се преземаат натамошни мерки за целосно расветлување на случајот.

 

 (Интегрален текст од соопштение на МВР)

најчитано сега