Се собрале од цела Македонија за да питачат во Охрид

 

СВР Охрид откри 31 полнолетно лица и 27 малолетници од Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип, Ресен и од Велес кои подолг временски период питачеле во централното градско подрачје во Охрид и во Струга.

-Согласно одредбите на Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, викендов Секторот за внатрешни работи Охрид презеде плански мерки за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење. Воедно, контрола беше извршена и кај приватни станоиздавачи каде непријавени се сместуваат лица од други градови и подрачја. Акцијата имаше и превентивен карактер а целта беше елиминирање на можностите за кражби и други казнени дела, стои во соопштението од охридската полиција.

Граѓаните кои питачеле по улиците биле испратени во своите живеалишта. Од полицијата најавуваат соодветни пријави.

најчитано сега