Не пуштајте секого дома - уште една наивна бабичка стана жртва на измамник
88 годишната бабичка М.Г. од Свети Николе остана без својата пензија, откако измамник ја прелажал и и ги зел парите кои ги чувала под душекот.
Засега непознат измамник, вчера наутро чукнал на вратата од домот на М.Г., и покажал сметка за струја која претходно ја украл од нејзиното поштенско сандаче, ја излажал дека е вработен во ЕВН и дека дошол за да и ја наплати сметката.
Бабичката поверувала во оваа приказна и отишла во својата соба по пари. Таа го кренала душекот и земала онолку пари колку што и биле потребни. Но, измамникот го видел ова, ја турнал бабата, го украл пликот со пензијата на бабичката и побегнал.
Во пликот имало 15.000 денари.М.Г. го пријавила случајот во полиција веднаш по кражбата.