Доживотна суспензија за атлетскиот шампион Михњевич
Белорусинот Андреј Михњевич поранешен светски шампион во фрлање ѓуле беше доживотно суспендиран откако го открија по втор пат како се допингува. Михњевиќч беше откриен на тестирањето во Светското првенство во Хелсинки во 2005 година. Претходно беше фатен на допинг тест во 2001 година кога заработи двегодишна суспензија. Михњевич кој е добитник на бронза на Олимпијадата изјави дека не е виновен и најави дека ќе се жали на судот за арбитража во Лозана.
Казната сепак ќе стапи на сила, веднаш откако ќе биде одобрена од Меѓународната атлетска федерација (ИААФ). Ќе му бидат одземени неколку медали вклучително и златниот од Европскиот шампион во Барселона во 2010 година. Тој е еден од шестмината руски и белоруски атлетичари, кои беа позитивни на повторената анализа на примероците од СП во Хелсинки.