Охрид ќе се спаси од досадните комарци

Општина Охрид викендот ќе го спроведе првото земјено запрашување против комарци. Запрашувањето, како што соопшти општината, ќе се реализира од денеска до понеделник во периодот од 23 до 6 часот.

Локалната самоуправа ги известува пчеларите, во деновите кога ќе се врши запрашување, да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Според информацијата на општина Охрид, препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, водата и почвата.

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.

најчитано сега