Почина поранешниот бугарски претседател

Жељу Желев, претседателот на Бугарија од 1990 до 1997 година починал изненадно денеска во 79 година од животот.

Желев бил филозоф, почитувана јавна личност, државник. Бил основач на клубот за поддршка Гласност и Престројка како и на Унијата на демократски сили, со чија парламентарна група подоцна претседавал, јавува бугарската агенција БТА.

Парламентот на 1 август 1990 година го избрал а потоа во 1992 е реизбран за на првите директни претседателски избори во Бугарија.

Бил покровител на Либералната интернационала од 1993 и почесен претседател на Либерално демократската партија Алтернатива од 1997 година.

Бил одликуван со највисоките државни одликувања и добитник е на многу академски државни награди, соопштува Бугарската влада на конференцијата за новинари.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега