Црвен метеоаларм е вклучен во Хрватска и во Босна и Херцеговина

Црвен метеоаларм се вклучи во Хрватска за подрачјето на средна и јужна Далмација што ќе биде зафатено од силно невреме со дожд и удари на урагански ветар.

Хрватските медиуми предупредуваат и од појава на големи бранови и поплави на крајбрежјето на Далмација.

Црвениот аларм е вклучен поради очекување на временски непогоди што може да предизвикаат штета на широко подрачје со опасност по живот.

За регионот на сплит и југот на Хрватска е издадено портокалово предупредување поради очекување на невреме што ќе предизвика значителна штета.

Црвен аларм во очекување на силно дождови е издаден и во Босна и Херцеговина и тоа во подрачјето на херцеговина и на западните делови на државата.

Се очекуваат врнежи од околу 80 литри на метар квадратен, а на некои места и до 110 литри.  Силно невреме со дожд и ветар се очекува и на подрачјето на република српска , јавуваат тамошните медиуми.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега