Се превртел со автомобилот па излетал преку стаклото - страшна сообраќајка, возачот се бори за живот

Дваесет и осум годишен маж се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во која неколку пати се превртел со автомобилот и излетал од него. Сообраќајката се случила на патот Русе-Црвена Вода во Бугарија, а причината за несреќата најверојатно е лизгавиот пат.

Младото момче со Тојота Јарис се движел со голема брзина. Автомобилот останал на кров, а возачот излетал неколку метри од него. 28-годишниот возач излетал од автомобилот преку задното стакло бидејќи не ставил безбедносен појас. 

На местото на инцидентот имало расфрлано тутун и луле, поради што полицијата претпоставува дека возачот се расеал во мометот кога сакал да го запали лулето и изгубил контрола над возилото поради лизгавиот пат.

Возачот совнатрешно крварење и повреда на главата, се бори за живот.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега