Две деца останаа без татко - вработен на бензинска убиен за 200 динари

Триесет и едно годишниот Игор Митиќ вработен во бензинската пумпа „DMB петрол“  е убиен вчера од страна на 43-годишниот Данко.М. по кратка расправија за пари.

Убиецот, како што пренесува Блиц, бил пијан и истрелал еден метак во градите на Игор од пиштол за кој не поседувал дозвола, и избегал. Игор починал на пат кон болницата.

До кавгата дошло поради тоа што Данко сакал да стави бензин за 300 динари, а вработениот Игор му рекол дека минимален износ за кој може да стави гориво е 500 динари. Данко се изнервирал седнал во автомобилот и отишол да го земе пиштолот од дома.

Пред да излезе со пиштолот од дома Данко на својот син му рекол дека ќе оди да се пресмета со вработениот на бензинска. Синот се обидел да го спречи но не успеал во тоа, по што веднаш се упатил кон бензинската пумпа да го предупреди вработениот  дека неговиот татко е бесен и дека носи пиштол со себе, велат очевидци кои за време на убиството седеле во кафичот кој се наоѓал спроти бензинската пумпа.

- Данко и Игор се расправаа кратко време по што Данко го удри по глава, а Игор се обиде да се заштити. Данко неколку минути мавташе со пиштолот по што истрела еден метак во несреќното момче додека стоеше зад пултот, изјавиле очевидците.

Убиениот Игор бил оженет, имал две деца од 8 годишно и 17-месечно бебе. Тој важел за примерен работник и мирен и семеен човек.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега