Ретген: Грција да не го користи правото на вето за санкциите за Русија

Претседателот на Надворешно-политичкиот одбор на германскиот парламент Норберт Ретген го предупреди новиот грчки премиер Алексис Ципрас да на го користи правото на вето на проширувањето санкции против Русија како „монета за поткусурување“ во преговорите за програмата за извлекување на Грција од финансиските потешкотии.

- Каков било обид за поврзување на овие две политички полиња мора да биде запрен и пред да почне, истакна денеска Ретген, кој е висок член на конзервативната партија на канцеларката Ангела Меркел.

Ципрас, кој во неделата победи на изборите, ги загрижи европските парнери, критикувајќи го соопштението на ЕУ во кое Москва се предупредува дека и се закануваат нови санкции поради улогата во украинската криза.

Неговата одлука, откако положи заклетва, да го прими рускиот амбасадор пред да се сретне со кој и да е друг странски функционер, не наиде на добар прием во Брисел и Берлин, пренесува Танјуг.

Со оглед на тоа дека 28 држави членки мора едногласно да се изјаснат едногласно за проширувањето на санкциите против Русија, новата грчка влада би можела да стави вето, објаснува Ретген.

- Мораме јасно да и ставиме до знаење на Грција дека заедничката одлука е клучна за ЕУ да може нешто да направи, објаснува тој.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега