Соборен хеликоптер полн со хашиш

Со хеликоптерот преполн со хашиш кој е соборен вчера на југот на Шпанија управувал албанскиот пилот Сокол Фека, соопштено е во Тирана, пренесува МИА.

 

Министерството за одбрана соопшти дека ја добил информацијата од албанското МНР за тоа што се случило во Шпанија.

 

Во соопштението на албанското Министерство за одбрана се наведува дека Фека е во служба на албанската војска веќе 18 години и дека во 2009 се стекнал со чин мајор.

Хеликоптерот вчера во јужната шпанска провинција Малага, во близина на градот Кортес де ла Фронтера, го соборија припадници на шпанската полиција, сомневајќи се дека превезува дрога.

 

- Се уште се обидуваме да утврдиме колку хашиш имало во хеликоптерот, рече вчера портпаролот на шпанската полиција, но локалниот весник „Малага ој“ објави дека хеликоптерот превезувал меѓу 800 и 900 килограми дрога и оти бил обоен во црно, за да биде што помалку видлив ноќе.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега