Покренато обвинение против монструмот кој ја уби малата Тијана

Jавниот обвинител во Суботица денеска покрена обвинение против Драган Ѓуриќ поради основано сомнение дека извршил силување и тешко убиство,  пренесува Танјуг.

Како што соопшти Вишиот суд во Суботица, обвинението е поднесено и доставено до обвинетиот и неговиот бранител.

Обвинетиот и бранителот имаат осум дена да достават одговор на обвинението, по што следува испитување на обвинителниот акт.

На обвинетиот му е продолжен притворот за 30 дена поради опасност од бегство, опасност од повторување на делото, начинот на кој е извршено делото и тежината на кривичното дело.

Инаку, моснтрумот кој ја уби малата Тијана Јуриќ  беше уапсен ноќта меѓу 6 и 7 август минатата година. Тој признал дека го извршил ова кривично дело и ја одвел полицијата до местото каде што ја закопал жртвата.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега