ФОТО: Што пренесува „Антонов“, дали Србија ја снабдува Кенија со оружје?

Најголемиот сериски авион во светот „Антонов“ вечерва ќе полета од Белград за Африка со мистериозен товар тежок 52 тони, дознава Блиц.рс.

 

Како што пишува Блиц, товарот е оружје.

 

-Летот од Белград планиран е да полета вечерва во 22 часот, кога „Антонов 124 Руслан“ ќе лета преку Атина до Момбас во Кенија. Станува збор за специјален товар, објаснува изворот за Блиц.

Инаку авионот слетал празен на аеродромот „Никола Тесла“, а полетал од Глазгов и станува збор за чартер лет за роба.

 

Политичарите во Кенија константно стравуваат од можни нови насилства во земјата, а граѓанските војни речиси и да не прекинуваат.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега