Москва ја повикува БиХ да се откаже од испораката на муниција за Киев

Русија ја повика Босна и Херцеговина да се откаже од плановите за испорака на муниција на Киев, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич. 

Тој изрази загриженост поради извештајот дека „земјата во југоисточна Европа, која го трпеле ужасот на братоубиствената војна од 1992 до 1995 година“, планира да и испорачува муниција на Украина.

- Апелираме до властите во БиХ да се откажат од плановите да му испорачаат муниција на Киев. Тие планови се во спротивност со меѓународните норми и обврските преземени кон ОБСЕ, ијзави Лукашевич. 

Според него, главната загриженост е што тоа оружје украинската војска ќе го искористи за да продолжи со гранатирањето на градовите и за убивање на цивили во југоисточниот дел на Украина. 

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега