Две жени повредени: Камен пијан полицаец дивеел по улиците

Камен пијан полицаец од Карловац, Хрватска предизвикал сообраќајна несреќа откако во вторникот доцна вечерта со својот автомобил удрил во возилото во кое се превезувале две повозрасни жени. Според информаиите кои ги објавија хрватските медиуми, полицаецот не бил на должност, но со автомобилот возел пребрзо поради што загубил контрола и прешол во спротивната лента по што предизвикал сообраќајна несреќа.
Двете жени се полесно повредени, а кога пристигнала полицијата и од оштетениот автомобил го извадила својот колега. Алкотестот покажал дека во неговата крв има 1,88 промили алкохол.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега