Несреќа на градилиште: Двајца загинати, еден тешко повреден (ФОТО)

Две лица загинаа, а трето е потешко повредено синоќа при уривање на градежно скеле на објект во изградба во центарот на Сараево, јавија босанските медиуми. 

Според претставник на полицијата, еден од загинатите работници починал на самото место на несреќата, додека вториот нешто подоцна в болница им подлегнал на здобиените повреди.

Повредениот работник е хоспитализиран на Клиниката за ортопедија и травматологија при сараевскиот Клинички центар.

Причините за несреќата засега не се познати. Полицискиот увид на местото на инцидентот треба да продолжи утрово.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега