ФОТО: Поради ова сигурно ќе ја засакате Хрватска!

Островот Галешњак во облик на срце на хрватскиот брег претставува вистинска сензација во светот, како една од најголемите убавини на Јадранското море. Причината повеќе е тоа што потсетува на симболот на љубовта па оттука голем број на двојки се одлучуваат за одмор да ја изберат токму оваа локација.

Недалеку од Задар се наоѓа ова островче, кое многу брзо стана омилено место на сите кој Денот на вљубените сакаат да го одбележат на романтични дестинации.

Ненаселената површина околу 130 ари служи за изнајмување за двојките кои сакаат да избегаат од цивилизацијата. Ова е едно од 4 островчиња на светот кое е откриено дека има совршен облик на срце, но е едно од „љубовните островчиња“ во Европа.

На него се направени истражувања од страна на Универзитетот во Задр, и потврдено е дека постојат 3 илирски гробници и можни остатоци од досега неистражени градби.

 

Да потсетиме, вниманието на светската јавност ја привлече во 2008 година кога Google Earth го прогласи за едно од неколкуте природни срцелики феномени.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега