Ципрас: Ние сме Влада на социјален спас

Ние сме Влада на социјален спас, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговиот говор на првата седница на новата грчка Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој нагласи дека прв приоритет е справување со хуманитарната криза и додаде дека луѓето бараат од Владата „да крвари со цел да го одбрани нивното достоинство“.

- Ќе одиме стабилно и сигурно и ќе направиме се што треба да се случи по пат на дијалог, но без компромиси, нема да стравуваме од судири, нема место за доцнење и грешки, една влада на социјален спас има за задача да се соочи со суровата реалност и ќе биде неосновано ако очекувањата на народот не се оправдаат. Одговорноста е тешка, ќе одиме напред со план, силна волја и со силата на мандатот кој ни го даде народот, рече Ципрас.

Тој додаде дека приоритет е да се поддржи економијата, да и се помогне повторно да се придвижи.

- Подготвени сме да преговараме со нашите партнери со цел намалување на долгот и изнаоѓање фер и одржливо решение, нагласи грчкиот премиер.

Тој подвлече дека новата Влада силно ќе се бори против корупцијата и ќе воведе фер даночен систем

- Не сме тука за да уживаме привилегии и моќ. Сакаме да го промениме начинот на кој се спроведува власта, рече Ципрас.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега