Птичји грип регистриран во Бугарија

Во регионот на бугарскиот град Бургас регистриран е случај на птичји грип H5N1, изјави денеска бугарскиот заменик-министер за земјоделство и храна Цветан Димитров.

Од Минитерството посочија дека нема директна опасност по населението и преземени се сите мерки за справување со заразата, јави БТА.

За да остане случајот изолиран и да не се претвори во жариште, издадена е наредба од Обласната управа на Бургас за итни мерки за спречување на ширењето на заразата. Забрането е преместување и превоз на птици во реонот, како и продажба на живинарски производи

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега