Во Хрватска уапсен џихадист баран со црвена потерница
Хрватската полиција уапсила припадник на терористичка група за кој е распишана меѓународна црвена потерница.
Има сомневања дека уапсениот припаѓал на терористичка група која регрутира џихадисти и ги испраќа да војуваат на страната на Исламската држава. Апсењето било извршено на барање на австриската полиција која не успеала да и влезе во трага на групата. Терористиот е уапсен на 16 декември на меѓународниот граничен премин во Славонски Брод. Станува збор за државјанин на БиХ на возраст од 49 години. Тој е приведен по враќањето од Горња Маоча, кој претставува центар на вехбистичкото движење во Босна.
Хрватската тајна служба го лоцирала при обид да влезе во Хрватска, а на 15 јануари била завршена екстрадиционата постапка за испорака во Австрија. Екстрадицијата била извршена во строга тајност, а сега е сместен во затворот во Грац заедно со уште петмина џихадисти од истата група. Сите се осомничени дека врбувале момчиња и девојки од Хрватска, БиХ и Словенија и ги испраќале на боиште во Сирија.
Ова е прво апсење во Хрватска на осомничени за исламски радикализам.
Хрватските медуми потсетуваат дека Горња Маоча, која се наоѓа во близина на хрватската граница и Бочиња се двата најсилни вехабистички центри во БиХ во кои се живее по законите на вехабистите затоа што не ги признаваат законите на БиХ.
Забележани се бројни преминувања и контакти на водачот на движњето во БиХ, Билал Босниќ, кој во Грац, Виена, Љубљана и Јесеница често одржувал контакти со своите следбеници каде што врбувал млади момчиња за заминување на боишта во Сирија и Ирак.
Истражните органи нашле и снимки од состаноците и предавањата кои ги правел Босниќ. Обвинителството на БиХ неодамна против него поднело обвинение за тероризам.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа