Обвинителите побараа над 26 години затвор за капетанот на „Коста Конкордија“
Италијанските обвинители денеска побара затворска казна од 26 години и три месеци за капетанот на бродот „Коста Конкордија“, кој во јануари 2012 година потона, при што загинаа 32 лица.
Против 54-годишниот Франческо Скетино подигнати се неколку обвиненија, меѓу кои убиство без предумисла, немарност и напуштање на бродот.
Пресудата за Скетино најверојатно ќе биде донесена идната недела.
Оцени ја веста
26.01.2015 - 18:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа