Германија не планира да го прости грчкиот долг

Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел веднаш по официјалните информации за победата на радикалната левица во Грција ги повтори познатите ставови на Берлин.

- Грција мора да ги исполни обврските кон меѓународните кредитори, изјави денеска Штефен Сајберт, портпарол на германската канцеларка, кој ги пренесе ставовите на официјален Берлин од каде се вели дека победата на Ципрас е „суверена одлука“ која што мора да се почитува. 

Германија која што е главниот финансиер и креатот на финансискиот пакет за спас на загрозените членки од еврозоната останува на ставот за потреба од понатамошни реформи и исполнување на обврските.

- Германија од почетокот на кризата работеше за стабилизација на еврозоната и сега ќе понуди да работи со новата влада, порача Сајберт.

Честитката за победата на својот нов колега во Грција ќе биде испратена кога Ципрас ќе положи заколетва во Парламентот.

Според портпаролката на германското Министерство за финансии, позицијата на Берлинн за простување на грчкиот долг останува иста. Во исто време таа изјави дека Европската унија постојано искажува волја да разговара за продолжување на програмата за помош на Грција.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега