Љубовен траголник однесе двајца во смрт

Уште една трагедија ја потресе Србија. Сопруг и сопруга, Ацо и Марија Павловиќ, двајцата по 31 година, пронајдени беа мртви вчера во селото Радобиќ, во близина на Белград. 

Безживотните тела  на сопружниците биле пронајдени во атерот на селото Радобиќ во близина на гробиштата. Марија ја пронашле во автомобилот со јасни траги на давење околу вратот, а инспекторите телото на Ацо го пронашле обесено на дрво 50 метри од автомобилот. 

Двојката Павловиќ сопствениот дом  го напуштила во саботата претпладне, а претходно Марија се јавила на својата сестра на која и се пожалила дека Ацо и се заканува дека ќе ја убие. Веќе во саботата попладне пријавено било нивното исчезнување и започнала потрагата.

 - Двајцата беа драги луѓе, но не се согласуваа. Проблемот беше во тоа што Ацо имаше љубовница во соседството, а Марија очигледно знаела за тоа. Тој растеше без татко, мајка му сама го порасна. Не ми се верува дека проблемите не можеле да ги решат барем со развод, вели блзиок пријател на несреќните сопружници.

 

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега